Дел од нашиот ортопедски тим гостуваше на годинешниот 25-ти EFORT (European Federation of National Associations of Orthopaedics and Traumatology) конгрес, одржан од 22-24 мај во Хамбург, Германија. Специјалистите ортопеди имаа активно учество на конгресот со постер презентации кои беа особено пофалени од организаторите. На конгресот беа претставени најновите истражувања и достигнувања во областа на ортопедијата, а воедно нашите доктори имаа можност да се запознаат со колеги од целиот свет.
Дополнително, со гордост го објавуваме и учеството на нашиот тим од општи доктори на медицина на 45-тиот Меѓународен медицински научен конгрес, кој се одржа од 24-27 мај во Охрид. Под менторство на д-р Маја Божиновска-Смическа, нашите доктори активно учествуваа со постер презентација, која беше високо оценета од страна на конгресната комисија.
Учеството на овие два значајни конгреси претставува голем успех за нашата институција и е потврда за посветеноста и професионализмот на нашите тимови. Овие настани не само што ни овозможуваат да ги споделиме нашите истражувања и искуства со светската медицинска заедница, туку и да се инспирираме од новите трендови и иновации во медицината.
Им го честитаме успехот на двата тима и сме им благодарни што ја претставија нашата институција на највисоко ниво.