ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија "Св. Еразмо" - Охрид
ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија "Св. Еразмо" - Охрид е формирана на 19.07.1950 год. како Специјална болница за косно - зглобна туберкулоза. Низ повеќегодишниот стручен, кадровски, просторен, технички и економски развој во болницата се создадоа услови за лекување на сите ортопедско трауматолошки заболувања. Во 1988 година прерасна во Институт за ортопедија и трауматологија.
Со усогласување на Законот за здравствена заштита, а со Одлука на Собранието на Република Македонија од 18.05.1995 година го менува називот во Јавна здравствена организација "Специјална болница за ортопедија и трауматологија" Охрид, а во 2000 година го доби и називот "Св. Еразмо".
ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија "Св. Еразмо" Охрид осигурува третман на сите заболувања на локомоторниот апарат вклучувајќи медикаментозен - хируршки, конзервативен третман и третман со физикална терапија и рехабилитација. Ова вклучува:
ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија "Св. Еразмо" Охрид е организирана во медицински отсеци и одделенија:
Со јавната здравствена установа раководи Директор, назначен од Министерот за здравство. Со медицинските отсеци раководат раководители на медицински отсек, а со оделенијата одговорни на одделенија. Управниот одбор е составен од пет членови, два од кои се избрани од стручниот колегиум и тројца од Владата на Република Македонија.
ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија "Св. Еразмо" Охрид располага со проверен и професионален кадар од 42 лекари и друг медицински персонал. Вкупниот број на вработени е 268, со просечна старост од 49.51 години.
Болницата располага со модерна опрема и 237 болнички кревети, операциони сали, сали за интензивна нега, амбуланти, и комплетен информатички систем. Третманот на пациентите се врши екипно со висококвалификуван кадар.
Во 2009 год., болницата беше прогласена за најуспешна во доменот на економско-финансовото работење. Лекувани се 3892 стационарни пациенти, 24055 амбулантски пациенти и извршени се 1633 операции.
Период | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Реализирани операции | 1242 | 1405 | 633 | 1694 | 1747 | 1701 | 1571 | 1652 | 1669 | 1730 | 1299 |
Спец. конс. здрав. заштита/пациенти | 21343 | 21595 | 24055 | 32444 | 33988 | 36610 | 37610 | 35322 | 42080 | 40389 | 32673 |
Спец. конс. здрав. заштита/прегледи | 22714 | 22605 | 24570 | 30114 | 36097 | 45563 | 59544 | 56883 | 58688 | 57251 | 45490 |
Болничка здрав. заштита-пациенти (ФЗО) | 3023 | 3317 | 3892 | 3999 | 4131 | 3380 | 3150 | 3066 | 2936 | 2861 | |
Болничка здрав. заштита-пациенти/реха. со реш. | 493 | 472 | 857 | 910 | 913 | 1338 | 893 | 1899 | 1875 | 1816 | |
Прос. време на лекување-ден | 25 | 24 | 16.25 | 16.32 | 15.38 | 11.77 | 13.17 | 12.58 | 12.84 | 12.13 |
Болницата активно соработува со Клинички центар Скопје, лекари од Република Албанија и Косово, како и со други еминентни клиники од Балканот и пошироко. Организира стручни престои и размена на стручњаци со реномирани ортопедски центри во Европа и САД.
Посебен акцент е даден во усовршувањето и доедукација на: