За Нас

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија "Св. Еразмо" - Охрид

Историја и Развој

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија "Св. Еразмо" - Охрид е формирана на 19.07.1950 год. како Специјална болница за косно - зглобна туберкулоза. Низ повеќегодишниот стручен, кадровски, просторен, технички и економски развој во болницата се создадоа услови за лекување на сите ортопедско трауматолошки заболувања. Во 1988 година прерасна во Институт за ортопедија и трауматологија.

Закони и Регулации

Со усогласување на Законот за здравствена заштита, а со Одлука на Собранието на Република Македонија од 18.05.1995 година го менува називот во Јавна здравствена организација "Специјална болница за ортопедија и трауматологија" Охрид, а во 2000 година го доби и називот "Св. Еразмо".

Услуги и Третмани

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија "Св. Еразмо" Охрид осигурува третман на сите заболувања на локомоторниот апарат вклучувајќи медикаментозен - хируршки, конзервативен третман и третман со физикална терапија и рехабилитација. Ова вклучува:

  • Аномалии на локомоторниот систем
  • Заболувања на 'рбетот
  • Оперативни интервенции на колк и колено
  • Колено-артроскопски и слични интервенции
  • Неспецифични и специфични воспалителни заболувања
  • Згрижување на сите видови скршеници
  • Издолжување на екстремитетите
  • Оперативни зафати од урологијата и пластичната хирургија
  • Церебрална парализа
  • Третман со физикална терапија
  • Рехабилитација

Организација

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија "Св. Еразмо" Охрид е организирана во медицински отсеци и одделенија:

  • Ортопедско-трауматолошки женски медицински отсек
  • Ортопедско-трауматолошки машки медицински отсек
  • Ортопедско-трауматолошки детски медицински отсек
  • Ортопедско-трауматолошки женски медицински отсек за параплегија
  • Ортопедско-трауматолошки машки медицински отсек за параплегија
  • Медицински отсек за церебрална парализа
  • Нови објекти со посебен стандард
  • Медицински отсек - оперативен блок
  • Медицински отсек за интензивна нега и реанимација
  • Медицински отсек за физикална терапија
  • Медицински отсек - амбуланти
  • Медицински отсек РТГ, КТ и ехо
  • Медицински отсек биолабароторија
  • Медицински отсек за ЕЕГ и ЕМГ
  • Административни одделенија
  • Одделение за припрема на храна и веш
  • Одделение за техничко одржување

Раководење и Управување

Со јавната здравствена установа раководи Директор, назначен од Министерот за здравство. Со медицинските отсеци раководат раководители на медицински отсек, а со оделенијата одговорни на одделенија. Управниот одбор е составен од пет членови, два од кои се избрани од стручниот колегиум и тројца од Владата на Република Македонија.

Кадар

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија "Св. Еразмо" Охрид располага со проверен и професионален кадар од 42 лекари и друг медицински персонал. Вкупниот број на вработени е 268, со просечна старост од 49.51 години.

Опрема и Капацитети

Болницата располага со модерна опрема и 237 болнички кревети, операциони сали, сали за интензивна нега, амбуланти, и комплетен информатички систем. Третманот на пациентите се врши екипно со висококвалификуван кадар.

Награди и Признанија

Во 2009 год., болницата беше прогласена за најуспешна во доменот на економско-финансовото работење. Лекувани се 3892 стационарни пациенти, 24055 амбулантски пациенти и извршени се 1633 операции.

Индикатори

Период 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Реализирани операции 1242 1405 633 1694 1747 1701 1571 1652 1669 1730 1299
Спец. конс. здрав. заштита/пациенти 21343 21595 24055 32444 33988 36610 37610 35322 42080 40389 32673
Спец. конс. здрав. заштита/прегледи 22714 22605 24570 30114 36097 45563 59544 56883 58688 57251 45490
Болничка здрав. заштита-пациенти (ФЗО) 3023 3317 3892 3999 4131 3380 3150 3066 2936 2861
Болничка здрав. заштита-пациенти/реха. со реш. 493 472 857 910 913 1338 893 1899 1875 1816
Прос. време на лекување-ден 25 24 16.25 16.32 15.38 11.77 13.17 12.58 12.84 12.13

Соработка и Усовршување

Болницата активно соработува со Клинички центар Скопје, лекари од Република Албанија и Косово, како и со други еминентни клиники од Балканот и пошироко. Организира стручни престои и размена на стручњаци со реномирани ортопедски центри во Европа и САД.

  • Интезивна соработка со Клинички центар Скопје
  • Продолжување на соработката со лекари специјалисти од Република Албанија и Косово заради проширување на соработката преку организирање на стручни конференции
  • Поврзување во функција взаемна соработка со други еминентни клиники од Балканските простори и пошироко заради проширување на содржините (здравствен туризам, оперативни зафати, лекување, едукации и сл.)
  • Стручни престои во реномирани ортопедски центар во Европа и УСА и размена на стручњаци

Посебен акцент е даден во усовршувањето и доедукација на:

  • усовршување во областа на артроскопијата
  • ендопротетика на колк, колено и зглоб, и ревизии
  • ендопротетика на рамо, лакат, шака, прсти
  • спинална симулација на 'рбет
  • конзервативно и оперативно лекување на деформитетите на 'рбетот (сколиози и кифози)
  • егализација и елонгација на екстремитетите по методите на Професор Илизаров
  • специфични и неспецифични инфекции на локомоторниот систем
  • рана дијагностика и лекување на вродените аномалии на локомоторниот систем
  • дијагностика и лекување на церебрална парализа
  • траума на локомоторниот систем и секвели од траумата
  • рехабилитација на параплегични и хемиплегични болни