Дома За нас Физичка струк. на болницата Контакт Мапа на сајтот
Патологија
Лекарски колегиум
Телемедицина
Презентации
Меѓунар. соработка
Мултимедиа
ЗА НАС
 

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” – Охрид
е сместена на самиот брег на Охридското Езеро во близина на градот Охрид, кој представува туристички и културно – историски центар во Република Македонија. Формирана е на 19.07.1950 година како „Болница за лекување на коскено – зглобна туберкулоза".
Во повеќегодишниот стручен, кадровски и економски развој, во болницата се создаваат услови, покрај лекувањето на коскено – зглобната туберкулоза успешно да се лекуваат и цела низа други ортопедски заболувања, да се имплементираат нови методи на лекување на акутната траума и последиците на траумата на локомоторниот систем.


Во 1988 г. болницата прераснува во "Институт за ортопедија и трауматологија за да 1995г. согласно со Законот за здравствена заштита го промени називот во "ЈЗО Специјална болница за ортопедија и трауматологија".
Следејќи ги современите текови во ортопедската хирургија, трауматологијата и воопшто реконструктивната хирургија, како и неурохирургијата и урологијата, проследено со физикалната медицина и рехабилитација, постепено се афирмира ставот за експанзивна стручнокадровска политика, имплементирајќи нови методи и техники на работа.
Од тој аспект ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид го осигурува третманот на сите заболување од специјалнистичко консултативната и болничката здравствена заштита, и тоа на локомоторниот апарат, вклучувајќи медикаментозен – хируршки, конзервативен третман и третман со физикална терапија и рехабилитација како продолжено болничко лекување и тоа:
  • Aномалии на локомоторниот систем, исчашување на колкови, деформитети на стапало, врат, граден кош,
  • Заболувања на `рбетот, тумори, вадење дискус, искривувања – кифози и сколиози),
  • Оперативни интервенции на колк и колено со апликација на ендопротези, остеотомии, пластики,
  • Колено – артроскопски и слични интервенции, вадење менискуси, синевектомии, артродези, коњско стапало, рамни стапалам excavatus, varus, adductus,
  • Неспецифични и специфични воспалителни заболувања на коските и зглобовите,
  • Згрижување на сите видови скршеници на локомоторниот систем,
  • Издолжување на екстремитетите и решавање на псеудоартрози по методата „Илизаров“,
  • Оперативни зафати од доменот на урологијата и пластичната хирургија,
  • Церебрална парализа (конзервативно и оперативно лекување),
  • Третман со физикална терапија, хидротерапија, кинезитерапија, хелиотерапија, ласеротерапија и сличи.
  • Рехабилитација како продолжено болничко лекување.
ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид односно медицинските оддели располага со модерна медицинска опрема со висока технологија, како и комплетен информатички систем (хардвер и софтвер) и 24 часовна интернет конекција и видео надзор.

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид е на површина од 60.476,00 m2 со вкупно 13.869,02 m2 изградена површина во функција на здравствената заштита (болнички блокови со придружна инфраструктура). Работниот капацитет на болницата е 237 болнички кревети, а оптималниот капацитет е 205 болнички кревети.

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид располага со проверен и професионален стручен медицински кадар од вкупно 34 лекари, и тоа:
  • Доктори на медицински науки – 1 уролог,
  • Примариус специјалисти – 2 ортопеди,
  • Специјалисти ортопеди – 7,
  • Специјалисти физијатри – 9,
  • Специјалисти анестезиолози – 2,
  • Субспецијалист за ортопедија и трауматологија – 1,
  • Субспецијалист за пластична хирургија – 1,
  • Специјалист за неврохирургија – 1,
  • Специјалист за медицинска биохемија – 1,
  • Специјалисти педијатри – 2,
  • Специјалисти рентгенолози – 2,
  • Специјалист за општа хирургија – 1,
  • Специјалист невролог – 1, и
  • Специјализант на неврохирургија – 1.
Согласно Програмата за стручна специјализација, на специјализација треба да се упатат доктори на медицина за спедијализација на:
  • Анестезија – 2 специјализанти, и
  • Ортопедија – 2 специјализанти.
ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид заклучно со 10.10.2012 година има вкупно 243 вработени со потребен број среден медицински кадар.
Во 2008 година извршени се околу 1.260 хируршки интервенции, а бројот на пациенти примени на стационарно лекување и рехабилитација изнесува околу 2.400.

Во периодот од јануари до декември 2011 година, болничко – стационарно лекувани се 4.131 пациенти со придружници од кои 3.462 како осигуреници на ФЗОРМ и 669 останати, т.е. кои не се осигуреници на ФЗОРМ, односно дијагноза / пациент 2915 од кои осигуреници на ФЗОРМ 2.420 и останати 495 пациенти.
Специјалистичко – консултативно лекувани се дијагноза / пациент 36.097 од кои 34.945 се осигуреници на ФЗОРМ и 1.152 останати.
Бројот на извршените операции е 1.747, од кои 1.488 се осигуреници на ФЗОРМ и 259 останати.
Остварени болнички денови има 63.527, од кои 53.054 за пациенти, а 10.473 за нивни придружници.
Степенот на искоритеност на капацитетите изнесува 73,44 %, а просечно времетраење на лекувањето е 15,38 денови кое е долго, а тоа е поради тоа што покрај времето на оперативниот дел пациентите остануваат за медицинска рехабилитација.

Во 2012 година болнички се лекувани 3.108 пациенти од кои 2.726 се осигуреници на ФЗОРМ и 382 приватно.
Извршени се 36.611 амбулантни прегледи од кои 35.465 за осигуреници на ФЗОРМ, а 1.146 приватно.
Бројот на извршени операции е 1.701 од кои 1.516 се осигуреници на ФЗОРМ и 185 приватно.

Благодарејќи на развиената стручна соработка со еминентни стручни лица и реномирани институции од светски ранг, болницата “Св. Еразмо” – Охрид успева постојано да биде во тек со најновите искуства и достигнувања, применувајќи ги најновите методи од областа на ортопедијата и трауматологијата, како и примена на сите официјални медицински протокли и патеки донесени од страна на Министерството за здравство на Република Македонија. Интрахоспиталните инфекции се непознати за нашата болница.
Во рамките на болницата постојат 20 апартмани со телевизор, интернет, телефон, посебен режим на исхрана и посебен медицински третман во однос на медицинската нега и рехабилитација.
 
  Историјат на болницата  
 
50тите години: формирана како специјална болница за лекување на туберкулозата на коскенозглобниот систем; третманот на туберкулозата: конзервативен;
Крајот на 50тите и почетокот на 60тите: оперативни зафати на остеомускулниот систем во третман на остеомускулната туберкулоза и оперативни зафати кај деца со последици на Детска парализа и воспалителни процеси на зглобови и коски; Воведен е систем на рана неонатална детекција и превенција на вродени и развојни аномалии кај новородени деца;
Крајот на 70тите години: реконструктивни  зафати на колк кај деца; ендопротетска замена на зглобот на колкот;

Почетокот на 80тите години: имплементирани се конзервативни и оперативни методи и техники за корекција на деформитетите на рбетниот столб; формиран е центар за параплегија кој обезбедува конзервативно и оперативно лекување на параплегични пациенти и нивна рехабилитација;
На почетокот на 80тите внесени се низа на конзервативни и оперативни методи на лекување на деца со последици од Церебрална парализа, како и нивна рехабилитација.
   - 1984г. имплементирани се нови методи и техники на работа по Илизаров, кои се однесуваат на елонгационо-реконструктивни зафати на долгите цевкасти коски (елонгации, корективно-реконструктивни зафати, псеудоартрози и коскено дефекти како и деформитети на стапалото од вродена или стекната природа)
Во 70тите и 80тите години остварени се многубројни контакти и развиена е стручна соработка со низа референтни центри, како на просторите на тогашна Југославија, така и со институции во Франција, СССР и Германија.

Кон крајот на 80тите и во 90тите години имплементирани се низа оперативни зафати од областа на современата трауматологија следејки ги принципите на АО/АСИФ школата.
   - 1997г. во нашава болница, имплементиран е за првпат во нашава држава интегрален болнички информационен систем кој во целост го опфаќа медицинското и административното работење во болницата и направен е приклучок на Internet.
Последните неколку години успешно се применува артроскопија на колено (1999) како и развиток на ендопротетиката кај конгенитални, трауматски и дегенеративни заболувања на колк (1994) и колено (2004), со примена на примарна и ревизиона артропластика, следејќи ги светските трендови во таа проблематика. Секојдневно се применуваат зафати од неурохирургија, пластично-реконструктивната хирургија и урологијата. Не се запоставени и традиционалните дејности во областа на детската ортопедија и трауматологија, кои се и заштитен знак на нашата институција.
 

Дизајнирано од Ентер Доо, Охрид