Дома За нас Физичка струк. на болницата Контакт Мапа на сајтот
Патологија
Лекарски колегиум
Телемедицина
Презентации
Меѓунар. соработка
Мултимедиа
ТЕЛЕМЕДИЦИНА
 
Св.Еразмо Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Охрид - Република Македонија, нуди можност за телеконсултации преку Internet за сите медицински и научни институции како и за сите заинтересирани лица.
Консултациите се базирани на анализа на медицински текстуални и графички податоци: црно-бели или фотографии во боја, радиограми, томограми, ултрасонограми и други податоци добиени од клинички или инструментални прегледи.
Вашите податоци треба да ги испратите на нашата e-mail адреса: traortoh@t-home.mk водејќи притоа грижа за форматот и големината на податоците. Поради компатибилност на податоците треба да бидат употребени следниве формати:
1. Графички податоци: (24 bit color-боја или grayscale-нијанси на сиво)
Лични фотографии: JPEG формат
Радиограми, томограми и слични материјали: BMP или PCX формат компресирани со ARJ, RAR, TAR или ZIP архивски формат за намалување на волуменот при трансмисија; GIF
2. Текстуални податоци: MS Word for Windows (било која вeрзија), WordPad for Windows, Notepad for Windows
3. Дигитални податоци: MS Excel for Windows, Notepad for Windows
4. База на податоци: MS Access for Windows (било која верзија)
Медицинските фотографии неодложно мора да ги имаат следниве параметри:
1. Лични фотографии: резолуција минимум 75 dpi, 24 bit color, JPEG формат сликан со дигитална камера без обработка.
2. Радиограми со целосен преглед: резолуција минимум 150 dpi, grayscale (нијанси на сиво), која било бит мапирана графика или JPEG со мал фактор на компресија.
3. Радиограми и томограми за визуелизација на област од средна големина (т.е. pelvis фрактура или некој поголем зглоб): резолуција 300 dpi, grayscale, која било бит мапирана графика.
4. Радиограми и томограми за визуелизација на област со мала големина (т.е. дланка и повреди на `рбетните пршлени): резолуција 300 dpi, grayscale, која било бит мапирана графика.
5. Хистолошка подготовка на сликите и другите објекти со помала големина: резолуција 600dpi, 24 bit color или оптимизирана палета, која било бит мапирана графика.
E-mail: traortoh@t-home.mk
Телефон: ++389 46 272700
Факс: ++389 46 270217
 

Дизајнирано од Ентер Доо, Охрид