Дома За нас Физичка струк. на болницата Контакт Мапа на сајтот
Патологија
Лекарски колегиум
Телемедицина
Презентации
Меѓунар. соработка
Мултимедиа
НЕВРОЛОГИЈА
  НЕВРОЛОШКА АМБУЛАНТА
Веке пет години успешно функционира нудејки помош на бројни пациенти. Возобновената aмбулантата работи со невролошка и невропсихијатриска проблематика. Во амбулантата се прави иницијалнa клиничкa проценка и координирано со неврофизиолошката амбуланта, други невролошки специјалности, неврохирургија или ортопедија им помагаме на пациентите да дојдат до прав третман.

Наши лекари:
Др. Маја Божиновска спец. невролог

НЕВРОФИЗИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА
Повеке од 20 години нашата неврофизиолошка лабораторија работи успешно во полето на електромиографијата, а веке една година се изведуваат и електроенцефалографки прегледи. Само во последната година се извршени повеке од 1000 прегледи во нашата лабораторија. Опремена со најсовремена неврофизиолошка опрема и соодветно едуциран кадар обезбедува услуги на пациентоте од целата држава како и на странски пациенти.

Неврофизиолошки тим:
проф Др Ристо Љапчев спец невропсихијатар,
Др.Павел Иваноски спец по физикална медицина и рехабилитација
Др.Маја Божиновска специјалист невролог


ЕЕГ Електроенцефалографија – ги детектира абнормалностите на електричната активност на мозокот. Снимањето се изведува со мали електроди кои се поставуваат површно на скалпот. Електродите ја детектираат електричната активност на мозочните клетки, која се регистрира и анализира со помош на софверски систем. Лекар специјалист невролог со соодветна едукација за електроенцефалографија го интерпретира наодот. ЕЕГ се користи во евалуација на повеке мозочни нарушувања.
ЕЕГ е индицирано најчесто во иследување на пациенти со епилепсија.Тестирањето исто така се употребува во дијагностички цели кај многу болести кои ја нарушуваат мозочната функција на пример кај деменции, психози, нарушувања на сонот. Исто така се употребува при состојби на кома, проценка на мозочните трауми, интоксикации и ред други заболувања. Прегледот освен дијагностички има и прогностички цели.

ЕЛЕКТРОМИОГРАФИЈА(ЕМГ) / НЕВРОГРАФИЈА
Електромиографијата и неврографијата помагаат при дијагностицирање на голем број на болести на нервно-мускулниот систем, следење на состојбата како и евалуација на третманот.
Најчесто се применува во дијагностика на лумбоишиалгични и цервикобрахијални синдроми, синдром на карпален тунел, повреди на нерви, полиневропатии (пр. кај пациентите со шеќерна болест), но и кај бројни други заболувања на невро мускулниот сиостем како мускулни дистрофии, амиотрифуична латерална склероза, мијастенија гравис и сл.
Електромиографскиот преглед го изведува лекар специјалист соодветно едуциран за соодветната техника.
Пред електромиографијата потребно е да се направи клинички невролошки преглед. Испитувањето трае 30-60 минути во зависност од потребата. Снимањето се состои од два дела. Првиот дел се неркува неврографија, во тек на кој се испитува спроводната брзина на нервите. Вториот се нарекува електромиографија при што со помош на иглена електрода се испитува електричната активност на мускулите. Не се потребно никакви предходни подготовки, препорачуваме да не сте гладни, кожата да е чиста и да избегнете апликација на различни препарати (кремови, лосиони) на кожата. После прегледот пациентот веднаш може да се врати на секојдневните актиовности.

Aparatura koja ja koristime:
EMG-Medtronic- Keypoint system
EEG-Contec KT88-2400 series Digital brain activity mapping, 19 chanell EEG, 1 lead ECG, 1 lead respiration.
 
 

Дизајнирано од Ентер Доо, Охрид