Дома За нас Физичка струк. на болницата Контакт Мапа на сајтот
Патологија
Лекарски колегиум
Телемедицина
Презентации
Меѓунар. соработка
Мултимедиа
ПРИМЕНА НА МЕТОДИТЕ НА ПРОФЕСОРОТ ИЛИЗАРОВ
  Во рамките Специјалната болница за ортопедија и трауматологија "Св. Еразмо" во Охрид веќе 20 години се применуваат методите на професорот д-р Илизаров од Курганскиот научно-истражувачки институт за експериментална и клиничка ортопедија и трауматологија од Русија. Се работи за методи што овозможуваат успешно лекување на најторпидните ортопедско-трауматолошки проблеми, што често се сметаа и за нерешливи или кај кои крајниот резултат беше компромисен и несигурен, методи што внесоа нови постулати и отворија нови погледи не само во ортопедијата, туку и во базичните биолошки науки. Со прифаќањето на овие методи Болницата имаше за цел: најцелисходно и најрационално да им помогне на оние пациенти чиј инвалидитет го прекинал нормалниот живот, ги отстранил за долго или постојано од општествениот живот, како единки кои стопанисуваат, со несогледиви последици во психофизичката сфера.
 
 
    Хронологија на внесување на методите на Илизаров
  Псеудоартрози
  Корекција на деформитети
  Фрактури
  Суштината на методите на Илизаров
  Социјално-економски импликации
  Планови во однос на методата
  Презентација - заедничко искуство од методите на Илизаров
 
 
  Хронологија на внесување на методите на Илизаров  
  Почетните запознавања со основните принципи на методите на Илизаров е преку стручната литература, а датира од 1976 до 1977 година.
Оригиналноста на идејата, пристапот кон проблемите, резултатите претходно експериментално потврдени го свртија вниманието на Болницата, бидејќи таа во својата рутинска работа секојдневно се среќаваше со идентични проблеми тешко решливи или нерешливи. Излезот беше: или да се прифатат нивните пристапи кон проблемите со сите свои ризици што ги носат, или согласување со парцијални, не секогаш адекватни, а често изнудени решенија од кои, нити Болницата, нити пациентите секогаш беа во потполност задоволни. Болницата го одбра подолгиот и потешкиот пат, респектирајќи ги познатите и непознатите ризици. Настапи период од неколку години полн со скептицизам и внимателност, тоа беше и период на интензивно проучување на теоретските постулати на методите на Илизаров. Со апарати од сопствена конструкција, а во неможност да се набават оригинални апарати по Илизаров, веќе во 1981 година во Болницата беше аплициран првиот апарат и се започна со практична работа. Следната цел на Болницата беше да се воспостават што поблиски контакти со Курганскиот научен Институт за експериментална ортопедија и трауматологија и особено со проф. д-р Г.А. Илизаров, за што подлабоко да се проникне во суштината на методите, односно до детално запознавање со техниката на работата. Таквиот контакт е остварен првпат во 1983 годи на кога проф. Илизаров ја посети Болницата. Неговата посета отвори нова ера во работата на Болницата. Освен детално запознавање со профилот на институтот во Курган и презентацијата на плејада успешно решени ортопедско-трауматолошки проблеми што импресионираат, проф. д р Г. А. Илизаров во Болницата и практично ја демонстрира својата работа оперирајќи пациенти.
Следеа неговите посети во 1984 и во 1986 година. Со тоа уште повеќе се зацврсти претходно поставената база за стручна соработка помеѓу двете установи, а акцептирани беа и проблеми што би се решавале со заеднички програми.
Прифатена е неговата покана стручни кадри од Болницата да престојуваат во Курган за понатамошна едукација и доразработка на неговите методи, што е остварено со престојување во три наврати. Неговото престојување беше искористено како за едукација (теоретски и практично низ заедничка работа, операции на пациенти), така и за организирање на стручен собир одржан во септември 1986 година со учество на ортопеди трауматолози од Белград, Загреб, Љубљана, Сараево и Скопје, кога што се конструира група која би работела во рамките на ЈУОТ, а би се занимавала со објективизација на методите на Илизаров кај нас и размена на искуства врзани за проблемите што се решаваат со овие методи. Следи регистрација на групата во ЈУОТ, а како кординатор на оваа група е одредена Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Охрид. Тоа е и своевидно признание за сите дотогашни напори околу усвојувањето на методите на Илизаров. На овој собир се предложи Болницата во Охрид да прерасне во центар од пошироко југословенско значење за примена на принципите на Илизаров, што е и прифатено. Со цел да се оправда довербата и реномето на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија во Охрид што го ужива во стручно медицинските кугови, уште кон крајот на седумдесеттите години е направена расподелба на стручната работа по поедини проблеми, односно формирање на мултидисциплинарни тимови со цел на строго насочување на кадри по поедини проблеми. Во ваков кон текст уште во 1982 година е формирана група во Болницата која ќе се занимава со проучување на методите и детално навлегување во техниката на работата. Во оваа група, освен ортопеди, вклучени се и физијатар и невролог.
  Псеудоартрози  
  Псеудоартрози (лажни зглобови, незарастување на коските после скршеници или вродени лажни зглобови). Современите транспортни средства, експанзијата на сообраќајниот трауматизам, порастот на бројот на развојните аномалии, проблемот на лажните зглобови го актуализираат.
Поранешните методи за лекување на ваквите пациенти во потполност не го решаваа овој проблем. Ова посебно се однесува на инфицираните псеудоартрози што се во подем со ширење на останатите видови на остеосинтеза. Неретко како секвела остануваше пократок или деформиран екстремитет. Самиот Илизаров, освен познатите две компоненти што се присутни кај овие псеудоартрози (незарастување и инфекција), ги придодава уште и проблемите на скратување и деформација на екстремитетот. Почитувајќи ги неговите принципи, битно се менува приодот кон овој проблем. На тој начин се овозможува санација на псеудоартрозата, елиминација на инфектот, корекција на осовината и зачувување, односно достигнување на нормална должина на екстремитетот и сето тоа во една или две етапи со минимално мутилантни зафати на алтерираниот екстремитет. Добиените резултати во лекување на такви пациенти во потполност ја оправдуваа ориентираноста на Болницата во примената на методите на Илизаров.
  Корекција на деформитети  
  Деформитетите на екстремитетите, од било која генеза, неповолно се одразуваат на статиката на целиот локомоторен апарат. Без разлика дали се работи за стекнати (најчесто посттрауматични) или вродени деформитети на скелетот, методата на Илизаров, што базира на сукцесивност и постепеност во решавањето на проблемот, дава извонредни резултати. Тоа досегашно искуство на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија во Охрид, исто така, го потврдува.
  Фракгури  
  Фракгури (скршеници, трауматолошки или патолошки) се следно индикативно подрачје за примена на неговите методи. Ова особено се однесува на два тешки проблема во ортопедско-трауматолошката практика: патолошки фрактури и отворени фрактури. Принципот на работа е динамичка екстрафокална фиксација (остео синтеза). 1/1 покрај сите скриени опасности што со себе ги носи оваа проблематика, методата на Илизаров го најде своето место и се повеќе се трансформира од алтернативна во доминантна метода во решавање на оваа проблематика. Со ова не се исцрпуваат индикациите за примена на принципите на Илизаров. Ги наброивме само најфреквентните, а истовремено и терапевтски најрезистентните проблеми.
  Суштината на методите на Илизаров  
  Базирајќи се на дотогашните сознанија на полето на биомеханиката, проф. д-р Г.А. Илизаров разработуваше сопствен систем во решавањето не само на проблеми од подрачјето на ортопедијата и трауматологијата, туку и на подрачјето на васкуларната и пластичната хирургија (лекување на опструктивни васкуларни заболувања од типот на Биргер) или надоместување на дефекти на меки ткива (мускули, фасции, крвни садови и нерви) и покривање со кожен покрив дефекти без употреба на трансплантација на овие ткива. Основна закономерност е следење и прилагодување на природните (биолошки) закони, а не спротивставување.  
  Основните принципи на кои се базира учењето на Илизаров, а истовремено и негови најеклатантни предности во однос на класичните методи, се следните:
 
 
  •  Минимално трауматизирање на меките ткива (мал кожен оперативен рез, од 1 до 2 см, нема раслојување на мускулатурата и повреди на рвни садови и нерви), нема депериостирање на коска;
•  Кортикотомија (сечење само на кортикалниот слој на коската со очуваност на коскено-медуларната содржина што е и извор на остеогенетскиот потенцијал);
•  Штедење на васкуларните елементи, како екстра така и интраосално;
•  Ригидна динамична фиксација (остеосинтеза), што се постигнува со мрежеста трансфиксација на коскениот сегмент со танки игли, а се става во услови на пренапрегнатост;
•  Рана мобилизација на соседните зглобови;
•  Потполно оптоварување на оперираниот екстремитет уште од првиот, односно од вториот постоперативен ден. Тоа пациентот го ослободува од долготрајно лежење или носење на гипс. Практично, тоа значи дека еден пациент кај кого се врши издолжување на екстремитетот, доколку се работи на некој од класичните начини, тој би морал да биде подложен на најмалку три обемни оперативни зафати (елонгација, спонгиопластика плус остеосинтеза и отстранување на остеосинтетскиот материјал). Треба да се нагласи дека ваквиот зафат е обусловен ол патологијата, возраста и техниката на работа, а поголеми елонгации не би биле возможни да се направат. Освен тоа, пациентот би бил со месеци врзан за постела подложен на сите ризици од репетирани оперативни зафати и долготрајно лежење или неподвижност на соседните зглобови. Применувајќи ја методата на Илизаров, кај кого пациентот уште од првиот ден е подвижен со полно оптоварување на екстремитетот, сите претходни наведени ризици се минимизираат, а можно е да се работи и кај возрасни пациенти и да се добијат значително поголеми издолжувања.
 
 
  Резимирајќи го претходното, слободно може да се рече дека методата на трансосална остеосинтеза со апаратот за скелетна фиксација по Илизаров отвора широки хоризонти во совладувањето на крајно рационален начин на проблемите на инвалидитетот.
  Социјално-економски импликации  
  Примената на методата на д-р Г. А. Илизаров во значителна мерка ги рационализира материјалните издатоци околу лекувањето на ортопедско-трауматолошките пациенти, за кои е познато дека се меѓу најскапите и времетраењето на нивното лекување е меѓу најдолгите и поврзано со низа материјални трошоци што не се за потценување. Оваа метода не само што овозможува скратување на времето потребно за хоспитализација, туку и репетира употреба на голем број детали од кои се компонира апаратот на Илизаров кај поголем број на пациенти.
Од друга страна, инвалидитетот предизвикан, најчесто, од епидемијата на сообраќаен трауматизам и неговите последици претставува голем проблем, бидејќи ги оптоварува фондовите на стопанството. Најчесто се работи за пациенти кои се на почеток или во полна фаза на работниот век. Побрзото оспособување за врќање на работното место е императив на секое современо лекување, а оваа метода овозможува не само побрза медицинска и професионална рехабилитација, туку и амбулантско лекување на пациенти за кои долго се сметало дека единствено можно лекување е во услови на строга и полна хоспитализација.
На мнение сме дека соработката со реномираниот институт за експериментална и клиничка ортопедија и трауматологија во Курган ни отвори меѓу првите во Европа нови сознанија и патишта во решавањето на проблемите што до вчера изгледаа претешки и нерешливи.
За првпат во светската оротпедска практика станаа решливи такви проблеми како што се ликвидација на скратување на екстремитети и над 50% од првобитната должина на екстремитетот и повеќе и тоа како кај деца, така и кај возрасни и тоа по бескрвен неоперативен пат. За првпат стана можно без трансплантација на коска да се лекуваат големи дефекти на скелетот, лажни зглобови, да се регулира растот, да се задебелува коската и да се лекуваат по бескрвен пат низа вродени заболувања. Сето ова дава основа за намалување на инвалидитетот дури за шестпати.
За првпат, користејќи ги биолошките потенцијали на коскеното ткиво, е успеано да се влијае на процесот на ремоделирање на коската во сакана насока.
Довербата што Специјалната болница за ортопедија и трауматологија од Охрид ја стекна и надвор од југословенските граници по примената на оваа метода е потврдена и при посета на Институтот „Кало" во Франција, каде наша екипа демонстрираше практично апликација на компресивно дистракционен апарат по Илизаров на нивни пациенти.
Сметаме дека сме еден од многуте, а сиг урно меѓу првите центри во Европа кои во својата секојдневна рутинска работа ја инкорпорирале и методата на Илизаров. Системот на амбулантско лекување на пациенти по дадената метода што ја спроведуваме, дозволува воспоставување на работна способност во значителен контигент на болни и ги намалува расходите на лекувањето во однос на стационарното лекување. Афирмацијата на оваа метода е значајно не само од чисто меди цински аспект, туку и од социјално економски.
  Планови во однос на методата  
  Стручниот тим, кој работи на оваа проблематика, планира:
 
 
  • Активно следење на сите новини што доаѓаат од Курганскиот институт;
• Да се зголеми фреквенцијата на меѓусебни средби со стручни кадри од Институтот со цел на евалуација на досегашната наша работа, размена на искуства по тематски одредени проблеми и заедничка работа врз дадени програми;
• Доразработка на проблеми поставени претходно, а кои бараат своја клиничка апробација (се мисли, пред се, на проблемот на деформации на 'рбетниот столб);
• Комплексна статистичка обработена анализа за нашата досегашна работа;
• Внесување нови научни методи во обработка на пациенти третирани по методата (ангиографија, компјутер томографија, суптилни лабораториски анализи што се однесуваат на општа реакција на организмот третиран по методата на Илизаров, пато-хисто хемиски анализи и сл.);
• Клиничка примена на автоматски дистрактор;
• Мултидисциплинирана работа со вклучување на институции што се занимаваат со базични биолошки дејности;
• Детално испитување на биомеханиските својства на системот апарат-коска.

Дизајнирано од Ентер Доо, Охрид