Дома За нас Физичка струк. на болницата Контакт Мапа на сајтот
Патологија
Лекарски колегиум
Телемедицина
Презентации
Меѓунар. соработка
Мултимедиа
Д-р Јоне Мицевски
 
 

БИОГРАФИЈА

Од Др Јоне Мицевски спец. по физикална медицина и рехабилитација, роден на 06.09.1962 г. во Охрид. Основно и средно образование завршив во Дебар, а Медицински факултет во Скопје. Во 1991 г. завршив едногодишна едукација за оспособување на водење Хемодијализа, после што бев вработен како раководител во новоотворениот Центар за Хемодијализа при Медицински Центар Дебар, со валиден сертификат за водење на современа хемодијализа во болнички и амбулантски услови, издадена од Клиниката за Нефрологија во Скопје.

Во 1999 г бев назначен и ја обавував функцијата заменик директор при Медицински центар во Дебар, а во истиот период во текот на четири години бев и претседател на Црвениот Крст во Дебар.

На 06.2005 г. завршив специјализација по физикална медицина и рехабилитација. Од тој период ја водев службата за физикална медицина во истата болница во Дебар.

Во декември 2006 г. започнав со работа во ЈЗУ специјална болница за ортопедија и трауматологија св.Еразмо Охрид.

Сум бил активен учесник на многу семинари, секции, учесник на првиот македонски конгрес за физијатри, како и активен учесник на седмиот конгрес на физијатри на Р.Србија во Тара, октомври 2007 г., со постер презентација за остеопороза кај Хемодијализни пациенти, бев активен учесник со постер презентација на десеттиот конгрес на Физијатри на Србија во Кладово 02-05.2010 г., учествував и на вториот конгрес на Физијатри на Македонија, со постер презентација, тема за остеопороза. Во 2008 и 2009 г. ја посетував и бев учесник на првата и втората школа за водење на остеопороза во Р. Македонија која беше одржана во Охрид, при што се здобив со соодветен сертификат.

На 14.12.2009 г. Министерството За Здравство на Република Македонија, а врз основа на член 50 од Законот за лековите и медицинските помагала (Сл.весник на РМ бр.106/07), на барање на ХОФМАН-ЛА РОШЕ Лтд представништво - Скопје, издаде СЕРТИФИКАТ на Специјална болница за ортопедија и трауматологија - Охрид, дека ги исполнува условите по однос на простор, опрема и кадар за вршење на клиничко испитување: со наслов Постмаркетиншка студија за безбедност на ИВ ибандрон (Бонвива) во постменопаузалната остеопороза, обсервациона студија. Главен истражувач и истражувачки тим во ова клиничко истражување се: Др Митре Милошевски и Др Јоне Мицевски.

Еден период работев на одделение за ургентна хирургија и рехабилитација на пациенти после имплантација на коленски тотални ендопротези, ендопротези на колк, како и состојби после артроскопии и сл. Денес работам во истава установа на одделение за параплегии и рехабилитација на пациенти после мозочен удар, во склоп истава институција Св Еразмо, а како специјалност ми се состојби на остеопороза и третирање на хронични состојби на ишијалгии со магнетотерапија, ласер и кинезитерасписки програм вежби.

Од 18.05.2012 год. сум веќе вклучен во званична постменопаузална студија на фирмата Alvogen - USA, како истражувач, во текот на една година со нивниот производ Alvodronic acid a 150 mg.

Добро владеам со албанскиот јазик, комуникација и сл.

Контакт телефон: 070/241 899.
 
 
 

Дизајнирано од Ентер Доо, Охрид